PharmaShop Интернет продавницата е во сопственост на Моја Фармација ДОО.
Моја Фармација нуди целокупен сет на маркетинг и продажни решенија кои се дизајнирани ефикасно да влезат на фармацевтскиот пазар. Овие решенија се првенствено наменети за производители чии производи сакаат да се најдат на Балканскиот пазар.
Моја Фармација преку долгогодишното искуство на своите вработени нуди регистрација, набавка, складирање, а преку PharmaShop платформата и промоција и продажба на дел од своите производи кои се наменети за широка потрошувачка.
Со ефикасни услуги, Моја Фармација го покрива пазарот од 5 милиони потенцијални клиенти во регион кој е поделен на неколку помали држави.
Моја Фармација е формирана во 2015 година, која веќе има сериозни клиенти во своето портфолио за кои го одржува задоволството на високо ниво. Нашата компанија е млада, но тимот кој работи е со долгогодишни искуство од преку 15 години во фармацевтската индустрија.