Почитувани клиенти, Ве молиме, пред да ги користите нашите услуги, внимателно прочитајте ги условите за користење. Секоја посета на нашиот сајт како и купување, тоа значи дека сте ги прочитале овие услови и сте се согласиле со нив целосно.
Оваа интернет страна, со домен www.pharmashop.mk е во сопственост на Моја Фармација ДОО. Веб страната служи за купување преку интернет и за разгледување на производи и услуги со нивни карактеристики кои ги нуди нашата компанија.
За да Ви биде овозможено купување преку нашиот сајт не мора да се регистрирате и логирате.
На крајот пред да ја потврдите нарачката ги пополнувате овие податоци: име, презиме, име на компанија (опционално), Улица, град, телефон, e-mail адреса.
За испораката има две опции, достава до адреса и подигнување од магацин. Ако е одбрана опцијата достава до адреса, истите ќе бидат испорачани на адресата која ја имате наведено. Испораката до Вашата адреса ќе биде бесплатна доколку сумата на нарачаните производи е поголема од 1300 денари. Ако сумата е помала од 1300 денари, се наплатуваат 100 денари за испораката. Доколку е одбрана опцијата подигнување од магацин, нарачаните производи треба да ги земете самостојно од нашиот магацин. Во таков случај не се наплатуваат дополнителни трошоци доколку сумата на нарачаните производи е помала од 1300 денари. Овозможени се два начини на плаќање: Плаќање со платежна картичка и плаќање преку банкарска сметка. Доколку сте физичко лице најдобро е да се изврши плаќање со платежна картичка или средствата да се трансферираат преку банкарска сметка. Доколку сте правно лице за уплатата ќе биде изработена и доставена и соодветна фактура.
Сите добиени нарачки од претходниот работен ден, ќе бидат процесирани и ќе бидат испорачани производите, наредниот работен ден. За нарачки во сабота и недела, ден за процесирање на нарачки и испорака на производи ќе биде понеделник доколку е работен ден, во спротивно, нареден работен ден. Доколку од било кои причини не сме во можност да извршиме испорака на некој од производите веднаш, се обврзуваме истиот да го испорачаме во максимален рок од 30 дена. Во таков случај корисникот ќе биде информиран дека не сме во можност веднаш да го испорачаме производот, и ќе биде информиран за најбрзиот рок на испорака. Доколку тој рок не е прифатлив за корисникот, сумата уплатена за производот ќе биде вратена на сметка на корисникот.
Минималната сума за нарачка е 100 денари.