Нашите корисници се наш приоритет. Ако сте купиле одреден производ од pharmashop.mk и сакате да го повлечете купувањето или да го вратите производот односно да поднесете барање за рефундација преку испраќање на е-маил со наслов:
- БАРАЊЕ ЗА РЕФУНДАЦИЈА, на следната адреса: office@mojafarmacija.mk
Она што треба да го знаете пред да поднесете барање е следното:
Доколку сакате да поднесете барање за враќање на производ кој ви е веќе доставен пред да го поднесете ова барање осигурајте се дека производот не е користен, отворен или оштетен. При случај на поднесување на барањето за враќање на производ кој ви е веќе доставен вие се согласувате да ги сносите трошоците за испорака на производот до потребната локација на продавачот или сами да го доставите производот до адресата на Моја Фармација ДОО (бул. Јане Сандански, бр.113Б/8). Рефундации на средства за вратени производи се вршат по приемот на вратениот производ на потребната назначена локација.
При повлекување на купувањето за одреден производ по ваша волја или враќање на одреден производ, без притоа да има вина на продавачот ве информираме дека административните трошоци за процесирање на трансакцијата за поврат на средствата ги сносите вие, во висина од 5% од вкупната платена вредност. Доколку побарате средствата да се вратат на вашата сметка, враќањето се врши на истиот начин како што е извршено плаќањето, а средствата намалени за износот од 5% ќе ви бидат ставени на располгање во рок од 3 до 7 работни дена (зависно од банката) по потврдената рефундација за која ќе бидете известени по емаил.